Кога на радио ќе почне да се емитува божиќниот хит „All I Want For Christmas“ на американската пејачка Мараја Кери, тоа е знак дека почнал најубавиот период од годината. И додека луѓето низ целиот свет ја разубавуваат празничната атмосфера со овие рефрени, нивните автори одлично заработуваат.
Мараја Кери во изминатата година само од оваа песна заработила речиси 800.000 долари. На тоа треба да се додадат нејзините настапи на кои ги пее своите божиќни песни.
Но таа не е единствената што добро заработува. На прво место според заработката во Европа се наоѓа британската група „Слејд“, која со својот хит „Merry Xmas Everybody“ инкасира 630.000 долари. Многу слушани се и: „White Christimas“ на Бинг Крозби (415.000), „Last Christmas“ на групата „Вем“ (380.000), Пол Макартни со „Wonderful Christmas time“ (330.000) и „Mistletoe and Wine“ на Клиф Ричард, со заработени 127.000 долари.