Фото: Пиксабеј

Зоолошката градина во Јапонија под притисок

Веруваме дека нема љубител на животни што не ги следи настаните поврзани со најомилениот мајмун во светот овие денови. Иако целата планета е воодушевена од Панч, бебето снежен мајмун во зоолошката градина „Ичикава“ во Јапонија, зоолошката градина неодамна беше принудена да ја брани својата практика да му дава на мајмунот играчка по реакцијата од јавноста и од групите за заштита на животните како што е ПЕТА. Сепак, целата грижа и внимание што Панч ги добива овие денови се засенети од поголем проблем – животите на животните во зоолошката градина – за кои пишуваат само поединци.
Панч е бебе снежен мајмун, кое било напуштено од неговата мајка по раѓањето, а за да биде неговата тешка состојба уште полоша, во зоолошката градина „Ичикава“ каде што живее тој трпел 24-часовно малтретирање од други мајмуни. Затоа, чуварите на зоолошката градина му понудиле на Панч играчка орангутан за да му помогнат успешно да го надмине периодот на адаптација на животот со мајмуни. Сепак, загриженоста за благосостојбата на Панч се зголеми, а организацијата за заштита на животните ПЕТА објави соопштение за тажната реалност зад малото суштество, критикувајќи го она што луѓето го нарекуваат „слатко“ или „трогателно“ и истакнувајќи дека виралните видеа покажуваат многу потрагична реалност: животно заробено во зоолошка градина што се справува со „изолација и загуба“.
Џејсон Бејкер, претседател на ПETA за Азија, ја критикуваше глобалната хистерија околу Панч на поинаков начин, нагласувајќи ја суровата вистина.
– Зоолошките градини не се светилишта. Тие се места каде што животните се затворени, лишени од автономија, одземени им се природната средина и социјалниот живот што би ги имале во дивината. Како и сите снежни мајмуни, ​​Панч треба да порасне во тесно поврзано семејство, група, учејќи витални социјални вештини и истражувајќи богато природно живеалиште наместо да бара утеха во играчка во бетонска јама – рече Бејкер.