Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -3 до 6 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне меѓу 10 и 15 степени, пренесува МИА.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб ветер од југоисточен правец. Во делови од котлината се можни појави на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до -1 степен, а максималната ќе достигне околу 15 степени.
Во наредните денови се очекува продолжување на периодот на стабилно и релативно топло време. Утринските часови ќе бидат постудени, со можност за појава на слаба магла по одделни котлини.

































