фото: Маја Јаневска - Илиева

Поради посетата на албанскиот претседател Бајрам Бегај во Скопје, денеска, утре и задутре ќе има посебен режим на сообраќај, пренесува МИА.

– На 26, 27 и 28.02.2026 година (четврток, петок и сабота), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува г-дин Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје – информираат од МВР.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.