По 10 години, Јордан Митев повторно и се врати на македонската и балканска публика во Канада. Спојот на хитови кои гласно се пееја со шармот и енергичноста и овој пат беа доволна провокација за концертот во Торонто за Македонците во Канада и Соединетите Американски Држави беше исполнет до последно место.
– Подеднакво сум возбуден пред секој мој настап и концерт, подеднакво сум подготвен да дадам дел од себе, да испеам од дното на мојата душа за мојата публика. Овој пат, во Канада, кога ја видов публиката знаев дека повторно ќе го тестирам мојот максимум како многу пати до сега. Неизмерно сум среќен што барем една вечер на мојата верна публика во Канада и оние кои допатуваа од САД им направив посебна, а Македонија повторно поблиска во срцата, без оглед на географската оддалеченост… За оваа публика вреди да се пее, пишува, да се работи, за ваква публика вреди да се живее – изјави Митев за медиумите
Интересот за концертот беше огромен, а дел од неговата публика патуваше повеќе од шест часови за да биде во салата. Социјалните мрежи беа преплавени со видеа и фотографии, како и коментари со воодушевувачки импресии од концертот во Торонто.
– Беше магично, навистина. Очекував добар концерт и енергија, ама ваков интерес, искрен контакт со публика, пеење во еден глас, взаемна енергија, едноставно посакував… Јас сум среќен човек – додава Митев
Македонската публика пак, веќе подолго време очекува солистички концерт во Скопје.



































