- Тоа за неа е трет златен медал од ЗОИ (претходно победи во слалом во 2014 година и во велеслалом во 2018 година)
Микаела Шифрин со убедлив триумф го освои златниот медал во слалом, во алпско скијање, на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано и во Кортина д`Ампецо.
Тоа за неа е трет златен медал од ЗОИ, по победите во слалом на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година и во велеслалом на Игрите во 2018 година во Пјонгчанг. Таа има и сребрен медал од Зимските олимписки игри во 2018 година, во алпска комбинација.
Шифрин, која е рекордерка според бројот на победи во Светскиот куп (СК) во алпско скијање, со вкупно 108, од тоа 71 во слалом (седум сезонава), победи во олимписката трка Кортина д`Ампецо со 1,5 секунда предност пред второпласираната Камил Раст од Швајцарија и 1,71 секунда пред третопласираната Ана Свен Ларсон од Шведска. Н.М.

































