Фото: Христијан Мицкоски/Фејсбук

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во рамките на 62. Минхенска безбедносна конференција, оствари работна средба со менаџментот на германскиот гигант „Шварц груп“, под чија капа работат светски познатите брендови „Лидл“ и „Кауфланд“.

Како што информира премиерот на социјалните мрежи, разговарале за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.

– Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири. Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании, кои веруваат во потенцијалот на нашата држава! – напиша Мицкоски на „Фејсбук“.