Општина Аеродром

Општина Аеродром информира дека спроведува засилен инспекциски надзор и дека е изречена глоба од 1.000 евра за компанија и 300 евра за одговорното лице поради прекршување на Законот за јавна чистота.

– При извршена контрола на градилиште во близина на СУГС „Димитар Влахов“ на булевар „Трета македонска бригада“, инспекторите утврдија дека градежни возила се движеле по коловоз со нечисти гуми, со што се нарушува чистотата на јавните површини и се создава дополнително загадување. Општината нема да дозволи несовесно постапување, а прекршувањата ќе се санкционираат строго и без исклучок. Во наредниот период ќе продолжат и дополнително ќе се интензивираат контролите на сите активни градилишта – стои во соопштението.

Од Општина Аеродром наведуваат дека ќе се посвети внимание на: почитување на мерките за заштита на животната средина, спречување на загадување и несоодветно одлагање отпад, одржување чиста и безбедна околина околу градилиштата и заштита на јавните површини од узурпација.

Апелираат до сите изведувачи и инвеститори да ги исполнуваат своите законски обврски.

– Само со дисциплина и одговорност можеме да обезбедиме уредна, чиста и безбедна средина за сите жители на Аеродром – стои во соопштението.