Најава за научна конференција
Датум: 10 февруари 2026 година
Локација: Филозофски факултет – УКИМ, амфитеатар 4
Почеток: 10 часот
По повод триесетгодишнината од атентатот врз првиот претседател на Република Македонија и врховен командант на АРМ, Киро Глигоров, ќе се одржи научна и стручна конференција со наслов:
„КОЈ И ЗОШТО ПУКАШЕ ВО ИДНИНАТА НА ДРЖАВАТА“
И по три децении, едно од најтешките прашања од поновата македонска историја останува без одговор. Овој настан има за цел да отвори јавна, аргументирана и научна дебата за атентатот што ја потресе државата и остави трајни последици врз нејзиниот политички и безбедносен развој.
Клучни прашања на конференцијата:
Кои беа причините и мотивите за атентатот?
Кои се можните нарачатели и извршители?
Дали можеше и зошто не беше превениран атентатот?
Зошто државните органи во изминатите три децении не дадоа одговор на овие прашања?
На конференцијата ќе учествуваат универзитетски професори, научници и други стручни експерти, меѓу кои и учесници на претходната конференција одржана во 2010 година, што дополнително ѝ дава континуитет и тежина на оваа иницијатива.
Овој настан претставува продолжение на конференцијата „15 години од атентатот врз претседателот Глигоров – мистерија или настан ad acta“, одржана во Скопје на 30 септември 2010 година.
Потсетуваме дека атентатот беше дочекан со огромно изненадување во домашната и меѓународната јавност, имајќи го предвид угледот на Киро Глигоров и неговата клучна улога во конституирањето и меѓународното признавање на Република Македонија по нејзиното осамостојување во 1991 година.
Ги покануваме сите заинтересирани граѓани, студенти, истражувачи, новинари и медиуми да присуствуваат и да учествуваат во оваа значајна јавна расправа.
Иницијативен одбор: Проф. д-р Цане Мојаноски; проф. д-р Гроздан Цветковски; проф. д-р Зоран Јовановски































