Мистична Македонија: Музеј под отворено небо
Фељтон на „Нова Македонија“ според документарните серии и филмови на продукцијата „Аристон“ и книгата „Mystical Macedonia: An Open Air Museum“, објавена на „ Амазон“ од Никола Ристевски, магистер по маркетинг-менаџмент, публицист и продуцент
- Добре дојдовте во Македонија, земја на волшебни предели, богата историја и уникатни знаменитости. Во овој фељтон ќе ви ги претставиме природните ресурси, културното наследство и туристичкиот потенцијал на Република Македонија
Aрхеоакустиката е ново интердисциплинарно поле на учење, со кое користејќи различни параметри за истражување на древните локалитети, преку модерната технологија се регистрира влијанието на овие места врз човечката емоционална свест. Археологијата најмногу се фокусира на визуелниот изглед и физичките објекти, иако минатото не било период на тишина. Намерата на археоакустиката е да ја истражува важноста на звукот и природните феномени во антиката и, најважно, нивната улога во развојот и дизајнот на ритуалната архитектура и можниот ефект и важност на биолошката активност на човечкиот мозок.
Преку истражување беше возможно да се демонстрира дека во античките времиња знаењето за акустиката и природните феномени било добро развиено и користено во ритуали од тој период. Истражувањата на меѓународната научна организација СБРГ („Super Brain Research Group“ – SB Research Group) од последните години покажаа дека древните луѓе биле способни да влијаат на нивната перцепција, користејќи вибрации за да достигнат различни состојби на свест, без употреба на дроги и други хемиски супстанции. Луѓето во древните времиња биле способни да ги детектираат природните феномени за да креираат слична состојба на променета свест. Други истражувачи имаат пронајдено слични резултати во нивите истражувања, но без регуларниот протокол, не би било возможно да се споредат различни локалитети со слични карактеристики. Како резултат на тоа, групата СБРГ разви нови стандарди што можат да бидат применети на анализите на античките локалитети во Европа и другиот дел од светот. Ги нарековме „СБ рисрч груп стандард“ (SB Research Group Standard) за археоакустика или СБСА накратко.
Анализите на античките локалитети мора да бидат детални и комплексни. Многу древни локалитети се сметани за „свети“ илјадници години, со голем број структури градени на истото место низ историјата, така што анализите не треба да бидат ограничени на сегашната структура, туку исто така и на нејзиното опкружување. „Светите места“ се тие географски локации што одредена социјална група ги смета вредни за почит, типични места за идолопоклонство и/или користени за други спиритуални или религиски употреби. Како такви, тие може да бидат осквернавени или оштетени и поради тоа се заштитени на различни начини. Во минатото се користеле термините „топос“ (topos) за да означи физички и видливи локални карактеристики и „хора“ (chora), кој се однесува на квалификативните карактеристики на локацијата што може да ја разбудат имагинацијата и митското присуство. СБРГ има испробано различни методи за анализа за верифицирање на нашите резултати, по четиригодишни археоакустични истражувања извршени на југот на Англија, Италија, Босна и Херцеговина, Србија и Малта, со што имаме создадено софицистиран и веродостоен стандард што може да биде користен од кој било истражувач во археологијата за тестирање свети локации.
Во текот на 2014 година во Овче Поле беа извршени првите археоакустични мерења во Република Македонија. Во непосредна близина на градот Свети Николе во котлината Овче Поле во Република Македонија постои ритуална могила со форма на космичко јајце, направена од земја, со вцртан симбол на нејзиното плато. Оваа тумба е поставена точно во правец север–југ, а приближните димензии на платото каде што е симболот се околу 85 х 45 метри. Содржи две овални рамки, кои содржат огромен симбол – геоглиф, кој личи точно како еден од недешифрираните симболи на древното писмо познато како Линеарно Б-писмо. Целата структура, со нејзината форма и симболизам, отсликува космичко/вселенско јајце – изворот на примордијалната креација. Ридот е направен од земја и има вцртан знак во него, што го прави геоглиф. Во 2013 година ја поставивме хипотезата дека ова место е можно да е последно почивалиште на многу важна личност од историјата на Македонија. Симболот е слика на соѕвездието Касиопеја, кое го носи името по митската кралица, мајка на Андромеда, која подоцна била спасена од Персеј.
Важноста на Персеј во македонската митологија не може да се одмине, а повеќето кралеви од македонската кралска династија го носеле името низ вековите, што е потврдено и со пронајдените монети со опис на митскиот Персеј, кој по сѐ изгледа бил „повисокото Јас“ на македонските кралеви. Теологијата на Древните Македонци е онаа на древните школи на мистериите на Дион. Соѕвездието Касиопеја се поставува како огледална слика над геоглифот во Овче Поле точно на изгрејсонце на 21 и 22 јули, кога е роденденот на Александар Македонски. Тогаш соѕвездието Касиопеја е поставено вертикално над геоглифот, создавајќи отсликување од совршена слика од небото на земјата. Според неколку стари преданија и легенди од Кратовскиот Регион, според желбата на Александар, тој бил погребан од левата страна на Аксиј, во големото Овче Поле. Светиот симболизам, етимолошките поврзаности, фолклорните традиции и вистинската теологија го одразуваат знаењето на големите филозофи и градители што граделе вакви интелигентни структури. Знаењето што им било достапно еднакво можело да биде аплицирано на денешната геометрија, астрономија, религија, образование, здравство, владеење, управување, уметност, метафизика и поезија. Најстарите древни братства, Архитектите на Дион, се древна школа на мистериите и чувари на прастарото знаење, кое за нас е скриено во целост, освен кратките записи од нивната градителска уметност.
Според научните трудови за истражувањата на геоглифот, достапни на http://www.sbresearchgroup.eu
продолжува
М-р Никола Ристевски
(Авторот е долгогодишен истражувач на македонските природни ресурси и културно наследство)
































