Иран планира да ги прогласи вооружените сили на земјите-членки на Европската Унија за „терористички организации“ како одговор на одлуката на Брисел да го вклучи Корпусот на гардата на Исламската револуција на листата на терористички организации, соопшти висок ирански функционер за безбедност.
– Последиците од оваа одлука ќе паднат врз европските држави што презедоа вакви чекори – напиша денеска на социјалната мрежа „Икс“ Али Лариџани, секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран.
Министрите за надворешни работи на ЕУ вчера донесоа одлука иранската Револуционерна гарда да биде ставен на листата на терористички организации на Унијата.
Одлуката дополнително ги заострува односите меѓу Техеран и Брисел, кои веќе се оптоварени со низа политички и безбедносни несогласувања.
































