foto na nedelata
Фото: Менка Трајкоска-Екхард

Фотографијата Касна есен низ шумата на авторката Менка Трајкоска-Екхард е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.

 – Фотографијата е дел од големата Шума Суањ (la Forêt de Soignes) – која го покрива југо-источниот дел од Брисел, Белгија. Прочуена стара Шума со многубројни врсти од високи дрвја. Нарочито ми се омилени боровите со нивниот мирис, – вели авторката во описот на фотографијата и додава:

 – По потекло од село Дуње, Мариово, шумата ме потсетуваат на високите борови од планината Трибор, каде што имам патувано како дете од селото Витолиште до селото Рожден – додава Трајкоска-Екхард која живее во Белгија веќе 65 години.

Фотографијата утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.

foto na nedelata
Фото: Менка Трајкоска-Екхард

Фотографијата е избрана од најголемата македонска фејсбук-група за фотографии MACEDONIA – Photo Stories.


📸 „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата 👇
📇 Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
➡ Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
➡ Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
➡ Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
➡ Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
➡ Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана.