Арина Сабаленка од Белорусија е тенисерка број еден во светот од првиот ден од натпреварувачката 2025 година. Поразот од Јелена Рибакина од Казахстан во финалето на завршниот годинашен турнир во Ријад (Саудиска Арабија) не промени ништо на светската ранг-листа на Женската тениска асоцијација (ВТА), оти таа има огромна предност од 2.475 поени во однос на второпласираната Ига Швјонтек од Полска.
Минатата година таа прво го презеде првото место од Швјонтек, а годинава забележа уште еден голем успех. Во историјата на тенисот само шест тенисерки досега успеале да ја поминат сезона на првото место од првиот до последниот ден, а Сабаленка е седмата.
Рекордерка е Германката Штефи Граф со четири такви сезони (во 1988, 1990, 1994 и во 1996 година). Американската тенисерка Мартина Навратилова има три години во кои беше на врвот цела година (од 1982 до 1984 година), а по две имаат Американките Крис Еверт-Лојд (1977, 1981) и Серена Вилијамс (2014 и 2015) и Австралијката Ешли Барти (2020 и 2021 година). Моника Селеш (САД) беше на врвот од првиот до последниот ден во 1992 година, а годинава тоа е Сабаленка. Г.И.


































