Фото:Нова Македонија/Илустрација

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Ова, како што велат, довело до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците.

Од ЦУК апелираат за зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура и посочуваат дека надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата.