Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара оставки од министерот за правда Герман Галушченко и министерката за енергетика Светлана Гринчук поради корупција во енергетскиот сектор – објави „Танјуг“.
Според него, овие министри не можат да останат на своите позиции, бидејќи прашањето на доверба е клучно.
Зеленски нагласи дека ако има обвинувања, тие мора да бидат одговорени – објави РБК Украина.
– Одлуката за нивно отстранување од функцијата мора да биде брза, најбрза. Го замолив премиерот на Украина да земе изјави за оставка од овие министри. Ги замолувам пратениците на Врховната рада да ги поддржат овие изјави – рече украинскиот претседател.





































