Проектот „Гласот на револуционерите повторно се слуша“ на „Нова Македонија“ продолжува со зборовите на Мирка Гинова, една од најзначајните женски фигури во македонската револуционерна историја. Родена е во 1916 година во селото Русилово, Воденско, во Егејска Македонија, тогаш дел од Кралство Грција. По професија учителка, таа рано се приклучува на антифашистичкото движење, а за време на Втората светска војна и подоцна во Граѓанската војна во Грција активно се залага за националните и социјалните права на македонскиот народ.
Како секретарка на Антифашистичкиот фронт на жените за Воденскиот округ, Гинова станува симбол на отпорот и женската револуционерна борба. Поради својата активност и истрајност, грчките власти ја осудуваат на смрт и на 27 јули 1946 година во Ениџе Вардар ја погубуваат, со што таа станува прва жена во Грција стрелана по политички причини.
Мирка Гинова останува запаметена како хероина која го жртвува својот живот за слободата и иднината на својот народ. Нејзиното име и денес го носат училишта и улици низ Македонија, сведочејќи за нејзината бескомпромисна борба и трајниот белег што го остави во историјата.
Мисирков – меѓу перото, јазикот и идејата за самостојна Македонија
Питу – симболот на континуитетот на отпорот и идеалот за слободна Македонија
Дамјан Груев – волјата на револуционерна Македонија
„Нова Македонија“ ги „оживува“ зборовите на Ченто
Проект на „Нова Македонија“: Гласот на револуционерите повторно се слуша!



































