Фото: Пиксабеј

Домување

  • СКРИЕНА ОПАСНОСТ

Влажноста и слабата вентилација во бањата создаваат идеални услови за развој на мувла. Тоа не е само естетски проблем: спорите можат да ги иритираат дишните патишта, да ги влошат алергиите и астмата и да предизвикаат непријатен мирис и трајни оштетувања на површините. Сите ние ги знаеме опасностите од мувлата што се крие во бањата. Но она што веројатно не сте го сфатиле е дека во бањата има и нешто друго што би можело да биде штетно за вас и вашето семејство.
Најштетен предмет во бањата е вашата завеса за туширање – ако е направена од ПВЦ. Станува збор за вид пластика што содржи различни адитиви за да се подобри нејзината флексибилност и издржливост. Кога ПВЦ-завесите за туширање се изложени на топлина и влага – на пример при туширање – можат да ослободуваат органски соединенија и други штетни хемикалии во воздухот. Долготрајната изложеност на нив може да доведе до здравствени проблеми како што се иритација на кожата, респираторни проблеми, па дури и хормонален дисбаланс. Без соодветна циркулација на воздухот, влагата се заробува, создавајќи површина за размножување спори на мувла. Постојат дури и канцерогени ризици – „долгорочното изложување на диоксини е поврзано со зголемен ризик од рак“.
Покрај тоа што ПВЦ-завесите за туширање можат да влијаат на здравјето, тие имаат и огромно влијание врз животната средина. Производството и отстранувањето на ПВЦ придонесува за загадување на околината. Зошто наместо ПВЦ завеса за туширање, да не изберете завеса направена од материјали како полиестер, памук или коноп? Ако не можете да набавите ништо освен ПВЦ, постојат некои работи што може да ги направите за да ги намалите ризиците поврзани со завесите за туширање. Оцетот може да биде совршена опција кога сакате да ја отстраните мувлата од завесата за туширање. Направете раствор од оцет и вода во шише со прскалка – додадете неколку капки есенцијални масла за да добиете пријатен мирис – и редовно прскајте ја завесата.