Еден од проблемите во секојдневниот живот е тоа што многумина од нас живеат брзо, работат брзо, мислат брзо, без време за што било. Времето полека ни недостига и за основните активности како што е јадењето, па џвакаме брзо и голтаме храна без многу размислување. На овој начин живееме стресен и нездрав животен стил.
Штом забавите во јадењето, правите прв важен чекор кон поздрав живот. Наместо полна лажица храна, земете помало количество и џвакајте, грицкајте, уживајте во вкусовите и чувството на непцето. Во поголемите градови можете да видите дека никнуваат слоу фуд ресторани, каде што на потрошувачите, особено на вработените, им се нудат варени, нутритивно поздрави јадења како алтернатива на брзата храна. Ова движење се појави пред дваесетина години во Италија како некаков инает во однос на брзата храна. Сè што брзата храна е, бавната храна не е. Без оглед на тоа дали сакате да усвоите здрав начин на живот, постојат некои причини што треба да се земат предвид кога ќе забавите на масата.
Постојат голем број студии што потврдуваат дека само ако се јаде бавно, се консумираат помалку калории. Тоа е доволно за да изгубите дваесет килограми годишно без никаква друга промена (на пример, со избор на други намирници). Причината е во тоа што на нашиот мозок му се потребни околу дваесет минути (од моментот на земање на храната) за да сфати дека сме сити. Ако јадеме брзо, можеме да претераме преку чувството на ситост. Ако јадеме бавно, имаме време да сфатиме дека сме сити и да запреме навреме. Ако забавите и изберете здрав оброк, ќе си направите двојна корист.