Фото: Принтскрин/Јутуб

Извор од Хамас близок до преговарачкиот тим на палестинската милитантна група Хамас изјавил дека нема да учествува во управувањето со Газа по војната, неколку дена по стапувањето во сила на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, пренесе МИА.

– За Хамас, управувањето со Појасот Газа е затворено прашање. Хамас воопшто нема да учествува во транзициската фаза, што значи дека се откажува од контролата над Појасот, но останува фундаментален дел од палестинското ткиво – ја пренесе Тајмс оф Израел изјавата што изворот ја дал за АФП кој побарал да биде анонимен поради чувствителноста на темата.

Само неколку часа по стапувањето во сила на прекин на огнот во Газа во петокот, милитантната група објави фотографии на кои се гледаат вооружени припадници на нејзиниот внатрешен безбедносен апарат, задолжен за одржување на редот во Појасот, кои за прв пат се појавиле во јавноста од претходниот прекин на огнот, што некои го протолкуваа како ограничено покажување на сила.