Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо конечно сподели мислење за неговиот престој во „Олд Трафорд“.
Тој првично беше бркан по улиците на Лондон, но одби да зборува. Меѓутоа, упорноста на англиските новинари резултираше и тој кажа неколку зборови за „Скај Спортс“.
Тие беа во неговиот ладен, па дури и малку арогантен стил, и се чини дека часови по напуштањето на колосот, тој го оставил периодот на чело на тимот зад себе.
– Манчестер Јунајтед има иднина без мене и јас имам иднина без Манчестер Јунајтед. Зошто треба да ги споделам чувствата? Зошто треба да зборувам за нив пред медиумите или пред навивачите? Крај! Се заврши! Манчестер Јунајтед е во минатото! – вели Португалецот.
Тој додаде дека отсекогаш бил критичен кон менаџерите кои зборувале за тоа што се случило, откако биле отпуштени и кој бил виновен.
– Јас не сум таков човек. Кога доаѓа крајот, сакам да биде на начинот, на кој што се случи вчера. Едноставно играта заврши. Се надевам дека сега медиумите ќе го почитуваат мојот личен простор и додека се вратам повторно во играта, ќе го живеам својот живот на начинот, на кој јас сакам. Ќе одам на пазар, ќе одам на прошетки и ќе правам работи кои ми се допаѓаат. Тоа сакам јас да го правам, Манчестер Јунајтед е минато – рече Мурињо во кратката исповед.