Фото: Кремљ

Мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Украина се кршат од карпата на европскиот милитаризам, а улогата на Европа во ескалацијата на ситуацијата е максимална, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков за весникот „Известија“ изјави дека „милитаристичкиот став на Европа го попречува постигнувањето мировно решение за Украина“.

– Во целина, гледаме дека Европа западна во милитаристичка, антируска хистерија. Ќе видиме како ова ќе заврши, но ваквиот став сериозно го попречува процесот на постигнување мировно решение со Украина – истакнал Песков.

Тој наведе дека Русија, од една страна, ја продолжува „специјалната воена операција“, а од друга страна, останува отворена за преговори и решавање на сите проблеми преку дијалог. Тој истакна дека Русија продолжува да ги поддржува мировните напори на Трамп затоа што верува дека тоа е многу важно.

Песков рече дека „Европејците прават сè што можат за да го поттикнат режимот во Киев да биде непопустлив и да избегнува дијалог“. Според него, се слушаат изјави од Брисел и европските медиуми пишуваат за потребата од обнова на ѕидовите меѓу Европа и Русија.

– Меѓутоа, историјата веќе покажа апсурдност и бескорисност на таквите акции. Европа навистина зборува за подготовки за војна. Европа зборува за трошење значаен дел од буџетот за воени цели – укажа Песков.

Тој истакна дека „Европа практично не ја крие својата желба да се впушти во провокативни акции и сериозно ја разгледува можноста, на пример, за блокирање на Балтичкото Море за комерцијален бродски сообраќај“.

– Добро е што таму сè уште постојат трезвени глави кои велат дека тоа би можело да има катастрофални последици – наведе Песков.