Фото: ЕПА

ТЕНИС

Јасмин Паолини ја победи Џесика Пегула по четвртата меч-топка, со што Италија го освои тенискиот куп „Били Џин Кинг“ со победата во финалниот дуел со САД, во Кина. Со тоа Италија ја одбрани титулата и сега има вкупно шест трофеи во тоа натпреварување за репрезентации. Во мечот за пехарот годинава Италија ги доби двата натпревара во поединечна конкуренција во два сета, што значеше дека немаше потреба од одлучувачки натпревар во двојки, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Паолини ја совлада Пегула со 6-4, 6-2, а претходно Елизабета Кочарето славеше на дуелот со Ема Наваро, со 6-4, 6-4. За Италија тоа беше трето последователно финале. Во купот „Били Џин Кинг“ САД се најуспешната репрезентација со 18 трофеи, пишува АП. Н.М.