Низ историјата голем број жени на непроценлив начин го дадоа својот придонес кон светот и покрај тоа што биле соочени со полова дискриминација. На човештвото му оставија изуми без кои денеска тешко се живее.

Хартиено ќесе
Работничката во фабриката за памук Маргарет Најт измислила хартиено ќесе во 1868 година, но човекот по име Чарлс Анан се обидел да ја украде нејзината идеја и бил првиот што ја патентирал.
Додека работела на создавањето хартиено ќесе во Колумбија во 1867 година, Најт почнала да конструира машина што произведувала хартиени ќеси со рамно дно. Кога нејзиниот колега Чарлс Анан се обидел да ја украде идејата, Најт повела судска постапка и по втората тужба ја добила битката и ја патентирала својата машина.

Лекови за сериозни болести како леукемија
Гертруда Елион со нејзиниот колега Џорџ Хичкинг измислила некои од првите лекови за сериозни и тешки болести како што се леукемија, сида и херпес. Елион и Хичкинг развиле револуционерен метод што помогна во производството на дрога. Елион, исто така, го измислила азатиопринот, имуносупресивен лек со кој лицата со слаб имунолошки систем би биле во можност да примат трансплантиран орган.

Бришачи
Во 1903 година, Марија Андерсон се сетила дека бришачите на автомобилот би биле исклучително корисни. Шипката со гумен додаток што се поставува над стаклото го патентирала една година подоцна. Иако нејзината идеја е вклучена во сериско производство неколку децении подоцна, денеска не се замислува автомобил без бришачи.

Идентитетот на јавувачот и повик на чекање
Достигнувањата во истражувањето на телекомуникациите на д-р Ширли Ен Џексон доведоа до изумот за откривање на идентитетот на јавувачот и повик на чекање. Со докторат во физиката на елементарните честички, д-р Џексон беше првата афроамериканска физичарка во Технолошкиот институт во Масачусетс.
Од 1976 до 1991 година, Џексон спроведе истражување во американските телекомуникациски компании, најголемата компанија на телефонски услуги и го откри изумот. Пред две години, во 2016 година, поранешниот американски претседател Барак Обама ја награди Ширли Ен Џексон со највисоката награда за научни достигнувања во САД, „Националниот медал на науката“.

„Монопол“
Елизабет Меги е главна и одговорна за една од најпопуларните социјални игри на сите времиња. Оваа игра првично беше наречена „Игра на сопственикот“ е измислена и патентирана во 1903 година. Иако денешната намена е за добра забава и дружење со семејството и пријателите, дизајнерката ја дизајнирала за да го демонстрира трагичниот ефект на алчноста и лакомоста.

Соларно греење
Д-р Марија Телкес е одговорна за првиот систем за греење на сончевата енергија. Во 1925 година се преселила во САД и работела на проект што се занимавал исклучиво со ова прашање. Во 1940 година го развила и го овозможила првиот систем за соларно греење за домаќинствата, а во реализацијата на проектот ѝ помогнала архитектката Елинор Рејмонд.

Рачен апарат за сладолед
Ненси Џонсон го измислила првиот рачен апарат за сладолед во 1943 година. Нејзиниот вештачки замрзнувач се состоеше од надворешен дрвен прозорец, внатрешен цилиндар од калај и ротирачка лажица за мешање. За да се направи сладолед, надворешноста треба да се наполни со сечкан мраз, внатрешен цилиндар со мешавина за сладолед, а потоа се врти со рачката и рачно се меша смесата и се прави сладолед.

Пиво
Иако не можеме со сигурност да кажеме кој навистина го создал пивото што го пиеме денеска, податоците до кои стигнале историчарите велат дека тоа е жена, поточно жени. Имено, пред 7.000 години во Месопотамија, жените биле одговорни за производството на пиво. Тоа било вештина што ја знаеле само жените. Пивото тогаш се сметало за дар од бога и според неговата популарност денес остана еден од најпопуларните пијалаци на сите времиња.

Противпожарни скали
Првите противпожарни скали на надворешната страна на зградата, наменети да ја олеснат евакуацијата во случај на опасност од пожар, во 1897 година биле измислени од Ана Конли. Нејзината идеја била прифатена од многу архитекти, и оваа идеја се применува до ден-денес.

Панцир
Верувале или не, заштитниот елек, подобро познат како панцир, бил измислен од жена. Нејзиното име е Стефани Кволек.
Пронајдокот бил патентиран во 1966 година. Но тоа не бил нејзиниот единствен изум. Во својата богата, 40-годишна кариера, таа има патентирано повеќе од 40 различни пронајдоци.