Фото: Принтскрин

Српскиот премиер денеска изјавиу дека државата може да напредува само со дијалог и во мир, по синоќешните немири во Нови Сад.

-Србија може да напредува само преку дијалог, разговори и во мир. Ова е единствениот начин да се смират тензиите во општеството и да се изгради атмосфера на доверба и стабилност – рече Мацут, во врска со судирите на полицијата со демонстранти пред Филозофскиот факултет во Нови Сад.

Тој нагласи дека „денес, повеќе од кога било, ни требаат мир и стабилност, бидејќи тоа е единствениот начин да создадеме здраво општество со јасна перспектива и иднина“.

Мацут го пофали синоќешното „професионално однесување на полицијата која, и покрај исклучително тешките околности, покажа храброст, смиреност и одговорност, спречувајќи последиците од нападот да бидат уште поголеми“.