Фа­во­ри­ти­те за нај­ви­сок плас­ман ги впи­шаа и вто­ри­те по­бе­ди на Отво­ре­но­то пр­венс­тво на Ма­ке­до­ни­ја во шах (де­вет ко­ла), во Скоп­је. Единс­тве­но ФИДЕ-мај­сто­рот (ФМ) Љубо­мир Ха­џи­ма­нев (1.982, ран­ги­ран 24-ти) и ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от мај­стор (ИМ) Ор­це Дан­чев­ски (2.346, ран­ги­ран 5-ти), во ова ко­ло ре­ми­зи­раа во 26-от по­тег во пар­ти­ја со за­ем­на жр­тва и по­вто­ру­ва­ње по­те­зи, а во 1-то ко­ло во 48-от по­тег тоа го сто­ри­ја ФМ Илиќ (2.099, ран­ги­ран 15-ти) и Пе­тре­ски (1.346, ран­ги­ран 50-ти). По ова ко­ло ду­ри 16 ша­хи­сти има­ат ма­кси­ма­лен број по­е­ни.

Во пр­во­то и во вто­ро­то ко­ло бе­ли­те фи­гу­ри сла­ве­ле 18, а цр­ни­те фи­гу­ри 16 па­ти, со по ед­но ре­ми. На­град­ни­от фонд на пр­венс­тво­то из­не­су­ва 240.000 де­на­ри, по­де­лен на 10 ре­дов­ни и шест спе­ци­јал­ни на­гра­ди. По­бед­ни­кот ќе би­де по­бо­гат за 60.000 де­на­ри.

Пр­венс­тво­то на кое игра­ат 71 учес­ник (2 ВМ, 3 ИМ, 9 ФМ), има ква­ли­фи­ка­ци­ски карактер, па ше­сте­ми­на нај­до­бри стек­ну­ва­ат пра­во за на­стап на За­тво­ре­но­то првенство на Ма­ке­до­ни­ја за 2019 го­ди­на, кое ќе се игра со 10 ша­хи­сти.

Поз­на­чај­ни ре­зул­та­ти од вто­ро­то ко­ло: Кр­стев (2.027) – ИМ Пан­чев­ски (2.495) 0-1, ВМ Ста­но­јо­ски (2.447) – Ба­јра­ми (2.016) 1-0, Сто­шев­ски (2.007) – ИМ Ни­ко­лов­ски (2.395) 0-1, ВМ Бог­да­нов­ски (2.390) – Вел­ја­но­ски (1.994) 1-0, ФМ Ха­џи-Ма­нев (1.982) – ИМ Дан­чев­ски (2.346) ре­ми, ФМ Ла­зов (2.225) – Пе­ев (1.957) 1-0, Ма­но­ва (1.953) – ФМ Андо­нов­ски (2.287) 0-1, ФМ Ди­нев (2.248) – Вел­ков­ски (1.947) 1-0, Јор­да­нов (1.918) – Ми­лиќ (2.233) 0-1, ФМ Ве­ле­ски (2.211) – Сел­ков­ски (1.905) 1-0 итн.

Г.И.