Илјадници македонски граѓани изминатиот викенд се собраа на Мечкин Камен, каде што се одржа централната свеченост по повод најголемиот македонски национален празник Илинден. Аманетот што го оставија илинденците продолжува да живее со генерации, а токму големото присуство на овој настан јасно говори дека идеалите на илинденците и натаму живеат.


