Фото: З.А

Печалбарите во голем број се вратија во земјава

Традиционално во вториот викенд од месец јули, гастарбајтерите од Кичево и кичевско се враќаат во земјава а тука ќе останат до крајот на месец јули. Во овој период ќе ги посетат своите најблиски а оние кои направиле веридба во текот на зимата или минатото лето, бракот ќе го крунисаат со свадбена веселба.

Инаку, присуството  на гастрбајтерите е највидливо на кичевските улици, каде бројот на возила  на сообраќајниците е дуплиран а оваа бројка ќе биде уште поголема до крајот на оваа недела, кога ќе пристигне и последниот бран гастрбајтери.

– Печалбарите го искористија ова лето во што поголем број да се вратат во земјава и се чини годинава бројот на печалбари е најголем во споредба со последните десетина години, кога поради пандемии присуството на печалбарите варираше. Деновие се очекува да пристигне и последниот бран , кога ќе има рекорден број на печалбари..Нашите печалбари кои ќе се вратат во земјава ќе бидат претежно од Швајцарија, Германија и Австрија, земји каде ги има и во најголем број од нашиот регион- вели Неби Бекири.

Присуството на печалбарите најмногу ќе го почустваат  продавниците низ градот, кои со душа го чекаат враќањетто на печалбарите, за да го покријат празниот и малиот промет во поголемиот дел од годината. На враќањето на гастрбајтерите ќе му се израдуваат и уличните питачи од градот и дојденци од други градови,за кои печалбарите се познати како дарежливи граѓани.

Бројното присуство на печалбарите во земјава сигурно ќе се почуствува и на бројот на свадби и свадбени веселби, а веќе се направија и првите веселби што можеше да се забележи според колоните автомобили и продорните свирки на  автомобилите од свадбарите. З.А