Вонземјани не се одговорни за илјадагодишниот столб во Индија што не ’рѓосува
Овој столб долго време ги збунувал научниците затоа што, и покрај неговата старост, не покажувал знаци на корозија. Но со развојот на технологијата е откриено дека е обложен со тенок слој железен фосфат, кој спречува ’рѓосување.
Познатите камења од Долината на Смртта (САД) се движат сами
Нема никакви вонземјански сили зад оваа појава. Истражување од 2011 година покажало дека камењата всушност се лизгаат по тенок слој мраз, кој се формира откако температурите во пустината паѓаат под нулата прекуноќ. Водата што останува под камењата замрзнува и го предизвикува нивното движење.
Бермудскиот триаголник е претерана приказна
Се верувало дека таму мистериозно исчезнуваат бродови, но статистиките покажуваат дека бројот на исчезнувања не е поголем од кој било друг дел од океанот.
Круговите во житото не се пораки од вонземјани
Истражувачите покажале дека тие може да се направат со многу едноставни алатки и техники.
На Торинското платно не се наоѓа контура на Исус Христос
Научна студија утврдила дека платното е создадено околу илјада години по раѓањето на Исус.
Јети најверојатно е редок вид на мечка
Ткивните примероци покажуваат дека станува збор за хималајска кафеава или црна мечка.
Чудовиштето од Лох Нес најверојатно е голема јагула
Не станува збор за крв во водата, туку за оксидирано железо.
Пирамидите ги направиле Египќаните, не вонземјани
Доказите покажуваат дека блоковите се пренесувале со едноставна технологија и човечка сила.
Како опстанале цивилизации во пустина без вода
Цивилизацијата од Долината на Инд го користела монсунскиот дожд и ја пренасочувала водата во подземни резервоари.
Како пропаднала цивилизацијата на Маите
Не поради вонземјани, туку поради сеча на огромен број дрвја што довело до суши и напуштање на градовите.
Во Розвел не се урнал НЛО
Станувало збор за шпионски балон што летал на голема висина за време на Студената војна.