ФУДБАЛ – КЛУПСКО СП 2025
Сите четири претставници на Бразил на реформираното клупско фудбалско Светско првенство (СП) што се игра во САД, Фламенго, Палмеирас, Ботафого и Флуминенсе, сите победници на Копа либертадорес во претходните неколку години, се пласираа во осминафиналето.
Ботофого и Палмеирас ќе играат меѓусебе в сабота, во натпревар кој гарантира место во четврт-финалето за барем еден бразилски клуб. Фламенго ќе се сретне со Баерн (Германија) в недела, а Флуминенсе со Интер Милано (Италија) в понеделник. Другите двојки во осминафиналето познати по мечевите завчера се Бенфика (Португалија) – Челси (Англија), Пари сен Жермен (Франција) – Интер Мајами (САД) и Борусија Дортмунд (Германија) – Монтереј (Мексико). По синоќешните дуели во групите Г и Х се комплетираа осминафиналните двојки.