Фото: ЕПА

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА САД „ЗА“ ПОСТИГНАТОТО ЕДИНСТВО, НО И СО ЕДЕН ПРАШАЛНИК

Како што објави вчера реномираниот медиум „Политико“, американскиот претседател Доналд Трамп некако како со своја изјава да го поткопа клучното ветување на Алијансата за колективна одбрана – додавајќи дополнителни контрадикторности за овој годишен собир на Алијансата, дизајниран да го задржи курсот на досегашниот концепт на НАТО, вклучувајќи ја и „европската безбедност“.

Имено, со исклучително симптоматичен одговор, на новинарско прашање дали Соединетите Американски Држави остануваат посветени на клаузулата од членот 5 на НАТО, Трамп им одговори на новинарите пред „Ер форс уан“:
– Зависи од вашата дефиниција. Постојат многу дефиниции за членот 5. Го знаете тоа, нели? Но, јас сум посветен да бидам нивен пријател. Јас сум посветен на спасување животи. Јас сум посветен на животот и безбедноста. Само не сакам да го правам тоа на задниот дел од авионот – рече Трамп.

Според оценките на некои аналитичари, овој самит можеби нема да се оценува според она што се постигна, туку според она што (засега) го спречи Трамп да ја напушти Алијансата. Нешто слично во свој напис вчера заклучи и реномираниот медиум „Политико“. Р.С.