Фото: Принтскрин твитер/Лос Анџелес полиција / Илустрација

Обединетите нации повикаа на смирување на тензиите по судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Лос Анџелес кои протестираа против имиграциската политика на американскиот претседател Доналд Трамп.

Организацијата повика да се избегне натамошна милитаризација на ситуацијата, откако претседателот нареди распоредување на Националната гарда во градот.

– Не сакаме да бидеме сведоци на понатамошна милитаризација на ситуацијата и ги повикуваме сите нивоа – локално, државно и федерално – да работат во таа насока – изјави Фархан Хак, заменик-портпарол на генералниот секретар на ОН.

Овој апел следува откако во Лос Анџелес беа забележани судири поврзани со протестите против имиграциските мерки, кои се заострија со пристигнувањето на воени сили во градот.