САД ја извести Русија дека засега нема да воведува нови санкции кон Русија, изјави неуменуван извор од руското Министерство за надворешни работи.
Тој посочи дека Москва е известена преку Амбасадата на Русија во Вашингтон.
Амбасадорката на САД во Обединети нации, Ники Хејли во неделата во интервју за Си-Би-Ес изјави дека САД ќе воведат нови санкции кон руски компании, додавајќи дека деталите за овие мерки дополнитечно во текот на денот ќе ги објави секретарот за финансии Стивен Мнучин.
Директорот на Националниот економски совет Лоренс Кадлоу синоќа изјави дека Хејли не била информирана дека американската администрација го сменила ставот за нови санкции кон Русија.