Бомба експлодираше во Клиника за репродуктивно здравје во Палм Спрингс, Калифорнија, при што загина едно лице, изјави градоначалникот Рон ДеХарт, пренесоа британските медиуми.
Еј-би-си њуз, повикувајќи се на полициски извори и од самата клиника, објави дека најмалку пет лица се повредени во експлозијата.
Градските власти на Палм Спрингс на Фејсбук објавија дека експлозијата се случила пред 11 часот наутро по локално време.
– Идентификувана е бомба што се наоѓала во автомобил или во негова близина – рече ДеХарт.
ФБИ на Лос Анџелес објави на социјалните мрежи дека ја истражува експлозијата, а експерти за експлозиви се распоредени на местото на настанот.