Фото: ЕПА

Новиот папа Лав Четиринаесетти повика на ослободување на новинарите затворени низ целиот свет.

Папата денеска одржа средба со новинари, што е негова прва таква средба откако беше избран за наследник на папата Франциск, кој почина на 21 април.

За време средбата, Лав Четиринаесетти ја изразил солидарноста на Црквата со новинарите кои моментално се во затвор затоа што се обидуваат да ја кажат вистината.

Папата Лав Четиринаесетти повика на заштита на драгоценото добро на слободата на говорот и медиумите. Поглаварот на Римокатоличката црква се залага за комуникација што е способна да им служи на луѓето, барајќи ги мислењата на слабите, на кои не им е даден глас. Тој додаде дека ги упатува овие повици во време кога се појавува вештачката интелигенција, што бара одговорност.

Папата Франциск, исто така, ги повика медиумите да стават крај на поделбите, или како што рече, на поларизирачката војна на зборови, изразена преку пристрасни мислења и идеолошки засновани напади. Тој ги повика медиумите да не даваат простор на фанатизам и омраза.

На средбата со Папата присуствуваа илјадници претставници на медиумите од целиот свет, кои го следеа неговиот избор за поглавар на Црквата, како и погребот на папата Франциск.