Фондацијата „Петар Кочиќ“ од Бања Лука/Белград му ја додели престижната награда „Перото на Кочиќ“ за 2025 година на македонскиот писател и поет Христо Петрески за книгата „Обратна (филозофија на полжавот)“, објавена во издавачката куќа „Македонија презент“ од Скопје. Одлуката за наградата била донесена едногласно од жирито во состав: Никола Вуколиќ (претседател), Миљенко Јерговиќ и Младен Весковиќ (членови), истакнувајќи дека збирката поезија на Петрески претставува моќно поетско дело, кое комбинира симболизам, филозофски размислувања и јазична прецизност.
– Оваа книга не е само збирка на поетски текстови – таа е мозаик од интимни исповеди, општествена критика, антрополошки набљудувања и егзистенцијални прашања. Петрески пишува едноставно, но длабоко, често преку народна мудрост и лирска филозофија – изјави претседателот на жирито Никола Вуколиќ.