Фото: „Нова Македонија“

За првпат во А-селекцијата шанса добиваат Филип Станков и либерото Петар Џерков

ЗА ЗЛАТНАТА ЕВРОПСКА ЛИГА И КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2026

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Јошко Миленкоски, одлучи 22 одбојкари да се најдат на поширокиот список за настапот во Златната европска лига 2025 година и за квалификациските дуели со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство (ЕП) 2026 година. Миленкоски се реши на добро проверени сили, репрезентативци што и во минатото беа базата на селекцијата, а истовремено направи и мало освежување на списокот. Седуммина интернационалци, браќата Ѓоргиеви, Костиќ, Ефремов, Илиев, Љафтов и Савовски, ќе го предводат тимот заедно со колегите од Струмица и Штип УГД, кои моментно се борат за шампионската титула во домашното првенство, а повик добија и двајца одбојкари на Работнички. За првпат во А-селекцијата шанса добиваат Филип Станков и либерото Петар Џерков. Репрезентацијата ќе го има првиот собир на 15 мај во х. „Горан Пандев“ во Струмица. Г.И.


Поширок список

ТЕХНИЧАРИ: Ѓорѓи Ѓоргиев, Давид Стојанов, Лука Ристоски, Ефтим Ричлиев. КОРЕКТОРИ: Никола Ѓоргиев, Стојче Арсов, Кристијан Илијев, Стефан Алексов. ПРИМАЧИ: Владо Милев, Лука Костиќ, Стојан Илиев, Тоше Ефремов, Александар Љафтов Ангел Бошков, Филип Станков. СРЕДНИ БЛОКЕРИ: Филип Маџунков, Филип Савовски, Филип Лепидовски, Михајло Мирасчиев. ЛИБЕРО: Костадин Ричлиев, Ване Арапов, Петар Џерков.