Страшна трагедија се случи вчера попладне во Топола, централна Србија, во која пет лица го загубија животот откако се задушија во септичка јама на семејна фарма.
Според српските медиуми несреќата се случила кога еден маж паднал во јама, а други членови на семејството се обиделе да го извлечат. Тие самите загинале во тој обид.
Пожарникарите и екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на настанот.
Четири лица загинаа на самото место, додека петтата жртва, жена, беше пренесена во болницата во Аранѓеловац во критична состојба, каде што подоцна почина.
Меѓу жртвите се целото семејство и еден сосед
Меѓу загинатите се дедото, бабата, синот, внукот и соседот на семејството. Најмладата жртва беше дваесетгодишниот Филип Јокиќ, студент на Економскиот факултет во Крагуевац.