Американскиот претседател, Доналд Трамп, потпиша извешна наредба за обврската за откривање на изворите на странско финансирање на високообразовните институции во земјата.
Еден член на персоналот на Трамп покрена сомнеж дека најпрестижните американски универзитети, како што е Харвард, ги прекршуваат законите за откривање на таквите донации.
Наредбата има за цел да ги принуди високообразовните институции да пријават значајни извори на странско финансирање „за да се стави крај на тајноста околу странското финансирање на американските образовни институции… и да се заштитат американските студенти и истражувања од странска експлоатација“.
Целта е да се бара од универзитетите да примаат студенти врз основа на нивниот успех, а не критериуми врз основа на малцинска застапеност, т.н. „woke“ застапеност, како што ја нарекува американската администрација.
„Мојата администрација ќе го реформира нашиот нефункционален систем за акредитација, така што колеџите и универзитетите ќе се фокусираат на обезбедување висококвалитетни академски програми“, се наведува во извршната наредба од Трамп.
Трамп ги обвини Харвард и другите елитни американски универзитети дека следат левичарска идеологија и дозволуваат антисемитизам.
За разлика од другите универзитети кои беа под притисок, Харвард досега одбиваше да ги спроведе промените во вработувањето и приемот што ги бараше Трамп.
Претседателот, исто така, сака да ја прекине и програмата за Различност, еднаквост и вклучување (DEI).
Како одговор на ставот на Харвард, администрацијата на Трамп замрзна милијарди долари од редовното финансирање, што универзитетот го оспорува на суд.