„Нова Македонија“, навраќајќи се уште еднаш на ова неверојатно сигнификантно интервју на Петер Сијарто за белградскиот весник „Политика“, издвојува и
други индикации каде што унгарскиот министер за надворешни работи дијагностицира сериозни недоследности, непринципиелности, па дури и противправни
(со длабока умисла сторени поведенија) активности од страна на Брисел, ставајќи ги на увид пред светската јавност во споменатото интервју објавено под наслов „ЕУ е во воена хистерија, го губи глобалното значење“
Министерот за надворешни работи на Унгарија со сериозни обвинувања до ЕУ
Дословно во исто време кога поранешниот американски претседател Барак Обама повикуваше „сите Американци, обични граѓани и луѓе, студенти, универзитетите и адвокатските канцеларии низ Америка да му се спротивстават на Доналд Трамп“ и да му дадат отпор поради неговата уништувачка политика и агенда“, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги нападна Европската Унија и „западните Европејци“ дека „организираат и оркестрираат антивладини протести во Словачка, Србија и во Унгарија“.
Сијарто е апсолутен антипод на Обама, во врска со Трамп, со искажаните ставови за него, аргументи и квалификации. Сијарто го означи сегашниот американски претседател како „вистински патриот за кого се важни неговата земја и нација“, додавајќи дека „во тој поглед тие многу го почитуваат“.
Брисел не ја почитува волјата на народите и го игнорира нивното изјаснување
„Нова Македонија“, навраќајќи се уште еднаш на ова неверојатно сигнификантно интервју на Петер Сијарто за белградскиот весник „Политика“, издвојува и други индикации каде што унгарскиот министер за надворешни работи дијагностицира сериозни недоследности, непринципиелности, па дури и противправни (со длабока умисла) активности на Брисел, ставајќи ги на увид пред светската јавност во споменатото интервју објавено под наслов „ЕУ е во воена хистерија, го губи глобалното значење“.
Имено, кога во интервјуто му беше поставено следното прашање на Сијарто: истовремено и Србија и Унгарија во последно време се сведоци на избувнување противвладини протести, што би можело да ги објасни овие две речиси истовремени појави, тој одговори: „Се случи голема промена во глобалната политика кога претседателот Трамп стапи на функцијата, а тоа заѕвони за тревога во Брисел. Либералниот мејнстрим се обидува да ја зајакне својата позиција во Европа откако беше исфрлен од САД. И се обидуваат да ги нападнат и да ги отстранат сите оние влади што се залагаат за патриотски пристап, а кои се против воук-идеологијата.
Фицо во Словачка, Вучиќ во Србија и Орбан во Унгарија се лидери и клучни личности на патриотските движења во Европа што се на водечки позиции. И затоа, ако овие политички лидери постепено се отстранат, либералниот мејнстрим може да ја преземе цела Европа. Значи, ние сме им голема пречка, а тие се обидуваат да се ослободат од нас. Затоа ги организираат овие собири во Србија, Унгарија, Словачка. Тие собири изгледаат исто, за нив користат иста методологија, иста опрема, ги прават истите работи. Тоа е добро оркестрирана, надворешно оркестрирана и водена организација на митинзи против нашите влади. Доброто е што за иднината на државата не одлучуваат само демонстрантите, туку сите луѓе.
Многу е опасно што европското раководство е против претседателот и на Република Српска, Милорад Додик, бидејќи нивниот пристап многу јасно го осветлува пристапот кон целиот Западен Балкан, а тоа е дека тие не ја почитуваат волјата на овдешните луѓе. Претседателот Вучиќ беше избран од српскиот народ во Србија, што мора да се почитува, значи мора да се почитува волјата на српскиот народ, како што мора да се почитува волјата на сите луѓе на Западен Балкан. Гледаме дека на многу западни Европејци едноставно не им е грижа за волјата на народите. Ним не им е грижа за волјата на народите на Западен Балкан, тие сакаат да диктираат. А ако некој не им се допаѓа, поради неговиот политички пристап, или што и да е, тие се обидуваат да го елиминираат, да го стават на списокот со санкции, сакаат да се ослободат од него, финансираат политички движења однадвор…“.
Сијарто: За Трамп се најважни неговата земја и нација
Сијарто посебно нагласи: „Го сметам Доналд Трамп како вистински патриот. За него се важни неговата земја и нација. Во тој поглед ние многу го почитуваме. Затоа што кога ќе каже ‘Америка на прво место’, се чувствуваме и ние слободни да кажеме ‘Унгарија на прво место’“.
Запрашан дали е, според него, Доналд Трамп американски револуционер, Сијарто одговори: „Патриотизмот е пристап, кој сега ја враќа својата слобода и ослободеност, одејќи против воук-идеологијата и против глобалната диктатура на либералниот мејнстрим (мејнстрим – главен, преовладувачки тек на мислење – заб.прев.). Ние го поздравуваме тоа. Многу сум среќен што претседателот Трамп ја презеде функцијата. Она што нѐ прави помалку среќни е однесувањето на Европската Унија. ЕУ е парализирана, европските институции се однесуваат апсолутно непримерно. Тие страдаат од трампфобија наместо да преговараат со него. Претседателот Трамп е одличен во многу работи, вклучително и во склучување договори. Би било лесно да се најде начин да се согласиме со него, но европските лидери во Брисел покажуваат дека не можат да го сторат тоа“.
Свето Тоевски