Кошаркарите на Блокотехна остварија победа на гостувањето кај Теута со (61-70) (30-28) и со тоа ја забележаа втората победа на вториот натпревар во БИБЛ лигата.
 
Албанскиот тим одигра подобро прво полувреме, по кое водеше со +2. Тимот од Гевгелија во вториот заигра посигурно и ја одржуваше минималната предност, па на крај стигна и до посакуваниот триумф.
 
За домаќините, Си-Џеј Вилсон беше најефикасен со 23 поени, а кај Блокотехна „дабл-дабл” учинок оствари Брендон Пен со 19 поени и 10 скока.
 
На табелата Блокотехна е на шестата позиција со 2 од 2, а на чело е Берое, кои имаат 4 од 4 во регионалното кошаркарско натпреварување. Следниот меч тимот на Марјан Илиевски го игра против Башкими на 18 декември на теренот во Гевгелија.