Едно лице загина, а тројца се повредени кога засега непознат напаѓач отвори оган на божиќниот пазар во Стразбур.
Пукотницата предизвика паника меѓу присутните, а тешко вооружена полиција дојде веднаш на местото на инцидентот. Божикните штандови, како и блиските кафулиња се евакуирани.
Локалните медиуми известуваат дека биле испукани десетина куршуми, но и дека напаѓачот сè уште е на слобода.
Инцидентот се случува во моменти кога заседава Европскиот парламент, кој е во близина.