Египетските власти ја ограничија продажбата на „жолтите елеци“, кои станаа симбол на социјалното движење во Франција, пренесува Танјуг.
Локалните трговци велат дека продажба на жолти елеци во Египет е контролирана од полицијата и веќе не е можна без дозвола.
– Продажбата на тие елеци станува поопасна од продажба на дрога – вели неименуван трговец, појаснувајќи дека дошле претставници на службата за национална безбедност и побарале да се запре продажбата.
Во Египет, за секаков вид протести неопходна е дозвола од полицијата.