Кога театарот ќе ја спушти завесата, но ќе ги отвори гримиорните

И додека Ибзеновиот херој во „Народен непријател“ на МНТ (го игра маестралниот Никола Ристановски) се соочува со сопствените егзистенцијални и морални дилеми, и ние во изминатиов траорен период на колективна тага поради трагедијата во Кочани се соочуваме со истите неправди на системот, кој, како и во текстот на Ибзен, успева да го сомеле и да го совлада поединецот… На колку такви неправди сме сведоци
деновиве, и тоа на секое системско ниво. Човек да не може да се соземе, и од тага и од бес, истовремено

Иако е на репертоарот извесно време, дури неодамна имав можност да ја гледам претставата „Народен непријател“ по текст на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, на сцената на Македонскиот народен театар. Според драматуршката белешка, да се каже денес дека некој класик на драмската литература е актуелен, звучи општо кажано. Но, кога ќе го погледнеме драмскиот текст „Народен непријател“ на Хенрик Ибзен (напишан во 1882 година), фасцинантно е колку допирни точки гледаме меѓу општеството во кое живееме и она што се врти против доктор Стокман…
И според Тамара Барачков, драматург на претставата, драмата совршено кореспондира и со кризата со која нашето општество повторно се соочува, преку исклучувањето на доктор Стокман од заедницата, Ибзен вешто ги разоткрива општествениот конформизам и политичкото користољубие, покажува механизам со кој секој поединец што прави обид да зборува за системска неправда, автоматски го карактеризира како предавнички и заговорнички. Во исто време, страдањето на докторот е последица на неговиот стремеж да укаже на проблемот со загадената вода (жртви на заразата се локалните жители и дојденците), што во светлото на локалната свест за важноста на зачувувањето на животната средина ја прави драмата на Ибзен уште поинтригантна за читање и поставување…
И додека Ибзеновиот херој (го игра маестралниот Никола Ристановски) се соочува со сопствените егзистенцијални и морални дилеми, и ние во изминатиов траорен период на колективна тага поради трагедијата во Кочани се соочуваме со истите неправди на системот, кој, како и во текстот на Ибзен, успева да го сомеле и да го совлада поединецот… На колку такви неправди сме сведоци деновиве, и тоа на секое системско ниво. Човек да не може да се соземе, и од тага и од бес, истовремено.
Утре е 27 Март – Светскиот ден на театарот. Како и секоја година, пред претставите на репертоарот во театарските куќи низ светот ќе бидат прочитани националните и светската порака. Кај нас театрите на овој ден нема да ги отворат своите врати за публиката, ама беа меѓу првите што ги отворија за настраданите од трагичниот пожар.

Поради тешката трагедија што се случи во Кочани, сите изведби во Македонскиот народен театар беа откажани, како знак на почит кон настраданите и нивните семејства. Освен што покажа солидарност и разбирање во овие тешки моменти за нашето општество, Македонскиот народен театар прв ги отвори вратите, во знак на солидарност и општествена одговорност, за сите семејства на хоспитализираните лица што беа повредени од настанатиот пожар во Кочани.

Утре е 27 Март – Светскиот ден на театарот. Како и секоја година, пред претставите во театарските куќи низ светот ќе бидат прочитани националните и светската порака. Кај нас театрите на овој ден нема да ги отворат своите врати за публиката, ама беа меѓу првите што ги отворија за настраданите од трагичниот пожар. Во знак на солидарност и општествена одговорност, Македонскиот народен театар им овозможи на семејствата што имаа потреба да останат во Скопје и да бидат блиску до своите најблиски да бидат сместени во гримиорните и во апартманите

На семејствата што имаа потреба да останат во Скопје и да бидат блиску до своите најблиски, Македонскиот народен театар им овозможи да бидат сместени во гримиорните и во апартманите. Потегот го следеа и другите театри во Скопје и низ земјава…

Со ова, во пресрет на Светскиот ден на театарот, театарот уште еднаш ја покажа својата моќ, овој пат и најконкретно, на дело, а не само како флоскула во пораките што се испраќаат по овој повод.
Театарот треба да остане доследен на својата цел – да ги отвора вистинските прашања, да коментира, да просветлува, да вознемирува, да возбудува, да открива, да го одбира и да оди по патот на вистината, да го покренува духот, да воспоставува систем на вистински вредности, да бранува, да раздвижува, да гради високи естетски критериуми, да провоцира, да го брани својот интегритет, да ги крши конвенциите… Но и да помага онаму каде што е најпотребно!