Во 2016 година, јапонските археолози пронајдоа четири бакарни монети на археолошки локалитет кај дворецот „Кацурен“, на островот Окинава. Подоцнежното истражување покажало дека станува збор за монети од Римската Империја, од третиот и петтиот век. Монетите се со големина од 1,6 до 2 см, аверсот и реверсот на монетите се нејасни, меѓутоа истражувањето со x-зраци покажа дека на предната страна се наоѓа ликот на римскиот император Константин Први, а на задната страна е претставен војник што држи копје. Исто така, на овој локалитет археолозите пронајдоа и монета од 17 век, која потекнува од Османлиската Империја. Откритието ги потврди сомнежите на истражувачите за дамнешните трговски врски на Окинава со Кина и Југоисточна Азија, но римските монети покажуваат постоење контакт помеѓу Јапонија и Европа.