Во Младински Културен Центар (МКЦ), денс арената, во недела младите ќе имаат можност да се дружат и советуваат со тимот на Другаризација, поддржувачите и пријателите.
Другаризација е акција која го поттикнува пријателството, едукацијата и споделувањето на информации за борбата против врсничкото насилство. На акцијата ѝ се придружија многу лица и организации.
Од голема значајност е поддршката од младите македонски YouTube-ри Изабела Пан, 100јан, Бамбо, Боби Бит бокс, Лорд оф Фејлс, Никола Артс Хоусе, Марта Девилиш, Слик, Чика тандер, експертите и организациите, Бојан Кардалов (експерт за сајбер безбедност), Здружение на Млади Правници, Проект Среќа, младинската организација Поема, Здружение на граѓани Хесед, Евангелско Протестантската Иницијатива, Здр. на граѓани Еден Свет, хуманитарна организација АГАПЕ, Нова Искра, Институт за Брак Семејство и Системска Пракса-Алтернатива и многу други.