ФОРМУЛА 1

Новата сезона во Формула 1 (Ф1), во која се слави 75-годишнината од првата трка на светскиот шампионат, почнува в недела (од 5 часот) со трката за големата награда на Австралија, во Мелбурн. Денеска се првите тренинзи, а утре (од 6 часот) се квалификациите. Вкупно сезонава ќе има 24 трки. Титулите ги бранат Макс Ферстапен кај возачите и Мекларен кај тимовите.
Осум од 10-те тима имаат најмалку по еден нов возач во нивните редови во однос на минатата сезона. На патеката ќе има и шест дебитанти, најмногу од 2001 година, и тоа Андреа Кими Антонели (18, Мерцедес), Оливер Беарман (19, Хас), Лиам Лосон (23, Ред Бул), Џек Дуан (22, Алпине), Исак Хаџар (20, Рејсинг Булс) и Габриел Бортолето (20, Заубер), пишува „Би-би-си“.
Покрај тоа, промени ќе има и во некои од правилата. Така, воведен е систем за ладење на возачите, има нови ограничувања на тежината за возачите и за болидите, укинат е бонус-поенот за извозен најбрз круг во една трка, има измени во системот за намалување на отпорот, нови ограничувања за отклонување на предното крило… Н.М.