Хекман беше единствен талент, но повеќе од што било друго, приземно човечко суштество. Тоа е она што го прави толку проклето добар

Анализа на „Индивајр“

Неколку дена пред 97-то доделување на „оскарите“, Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава беа пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико. Многумина побрзаа да го дефинираат двократниот оскаровец како еден од најголемите изведувачи што некогаш се појавил на сцената и екранот. Но, сепак, обидот да се стави Хекман до талентите на Деј Луис, Брандо и Дејвис, се чини како неадекватна споредба.
Како прво, секој од овие актери почнал да настапува уште на многу млада возраст, а Деј Луис и Брандо дури биле воспитувани од мајки што биле актерки. Хекман, од друга страна, не почнал да се занимава со актерство додека не наполнил 26 години. Ова не значи дека не го интересирало актерството за време на неговото детство, но неговиот пат до професијата не бил директен како што бил случајот кај другите глумци од неговата ера.
– Глумата беше нешто што сакав да го работам уште од мојата 10-та година. Бев толку заробен од акционите филмови. Џими Кегни ми беше омилен. Без да го сфатам, можев да видам дека има огромен талент и виталност. Момците како Ерол Флин ми беа проблем. Ќе излезев од театарот и ќе се видев себеси во огледалото на фоајето и ќе бев запрепастен што не личам на него – рече Хекман во едно од своите интервјуа во 1988 година.
Поркај Кегни, друга класична легенда на екранот со која Хекман сакаше да се споредува е Хемфри Богарт.
И Богарт и Кегни многу помогнаа да се постават стандардите за она што сега Џин Хекман би го дефинирало. Како антихерој, архетип што дополнително би помогнал во обликувањето на неговата улога како освојувач на „оскар“ во улогата на Џими Попај Дојл во „Француската врска“. Хекман во овој момент веќе имаше 40 години, само неколку години постар од моментот кога го имаше својот прв пробив во кариерата во „Бони и Клајд“. Хекман стана еден вид успешна приказна прекуноќ, за што многу други актери во Холивуд сонуваа.
Начинот на кој Богарт и Кегни ги градеа своите односи со гледачите преку одраз на скршени луѓе што американското општество често не ги привлекуваше во центарот на вниманието, наследството на Хекман почива во делови што нè потсетуваат на сите одметници на кои човештвото мора да смета – отсутните татковци и расистичките полицајци и нетолерантни политичари. Тој внесе доза хумор и свој препознатлив белег во овие валкани улоги, но и болка, па дури и токсично чувство на копнеж. И кога неговите ликови се соочуваа со нивниот пад, како што тоа често го правеа, тој секогаш успеваше да си поигрува со чувствата на публиката, наместо да посегне по нивното сожалување или сочувство. Во исто време, додека многу негови врсници, вклучително и соучениците Роберт Дувал и Дастин Хофман, работеа да бидат следниот Брандо со прифаќање на системот на глума на Станиславски на кој беа научени, Хекман не сакаше да прави нешто модерно за да стане некој друг.
Кога станува збор за новата класа на холивудска ѕвезда и имиња како што се Сиднеј Свини, Мајкл Б. Џордан, Остин Батлер, Кеке Палмер, Зендаја, Глен Пауел и други, сите овие поединци, во глумењето вклучиле и изградиле цели империи за да имаат повеќе моќ над својата кариера. Оваа вертикална интеграција на актерската професија, исто така, им олесни да се изолираат од споредби со актерски имиња со кои би се идентификувале, туку тие работат на нивната препознатливост и единствен карактер. Во однос на независното кино, ретко кога филм на ова ниво добива шанса да се претстави без ваков вид ѕвезда што би можела да привлече награди или, во најмала рака, има доволно база на обожаватели за да гарантира силен поврат на благајните.
За разлика од нив, Хекман никогаш не мораше да се грижи за овие глупости. За него, како што беше за многу актери од неговата ера и порано, работата беше да го прочита сценариото, да ги научи репликите, да го погоди вкусот на својата целна група и да го собере чекот. Тој навистина можеше да ја третира глумата само како професија, а не како животен стил што многу професионалци го прават денес. Ова опкружување раѓа аверзија кон видот ризик што му дозволи на Хекман или дури и на Богарт и Кегни да најдат место на големиот екран.
Дали сите филмови или изведби на Хекман беа задоволувачки? Апсолутно не. Но благодарение на холивудскиот систем што беше воспоставен за време на неговата кариера, неговата способност да одржува конзистентен резултат значеше дека барем еден од двата или три филма во кои се појавуваше секоја година ќе биде хит. Одличен пример за ова беше кога глумеше во „Брзите и мртвите“ на Сем Раими, „Кримсон Тајд“ на Тони Скот и „Фати го малиот“ на Бери Соненфелд. Три многу различни филма во многу различни жанрови, но сите успеаја да привлечат голема публика и да се зборува за нив до денес.

Дојдовме до точка каде што другите актери што се обидоа да го имитираат Хекман во рамките на одредени ликови, како што неодамна направи Џуд Ло со „Редот“, наместо да ги ангажираат режисерите или филмаџиите само да најдат и да поддржуваат автентично груби изведувачи што можеби не се традиционално убави или имаат голем број следбеници, тие го прават спротивното. Треба само да се погледне обемната трансформација на Колин Фарел во неговата улога на „Пингвинот“ за да се види дека опсесијата на Холивуд со искривување на реалноста брзо ја надминала неговата желба да ја долови таа реалност во целост. Хекман беше нешто спротивно и сосема автентично.
Во интервјуто за „Асошиејтед прес“, Бил Мареј, рече за Хекман: „Тој беше тврд орев. Но тој беше навистина добар. И тој беше навистина тежок и тврд човек за соработка“.
Во тоа можеше на самото место да се увери режисерот Вес Андерсон. Постарите актери не им даваат голема шанса на младите режисери. Тие беа мошне груби и тврди со нив.
Зарем е можно чувствителноста на Хекман едноставно да не се совпаѓа со сложеноста кон која Андерсон се стреми во неговата работа? На крајот на краиштата, тој заработи „златен глобус“ за најдобар актер. Тешко е да се замисли Хекман да ужива во „Кралските Тененбауми“ кога повеќето од другите луѓе околу него сè уште беа во почетните години од нивниот професионален живот и штотуку почнаа да се прославуваат. Но веројатно беше тешко за Хекман да посегне по истата страст и трпение во филм како што беше овој. Можеби, на крајот на денот, тој едноставно не сакаше толку да се труди, кога ќе го потроши својот живот докажувајќи колку докажан лик веќе е.
Има многу режисери што ги принудуваат актерите да бидат во позиција да задоволуваат барања надвор од онаа на нивната способност. Не земајќи ги предвид нивната харизма и способност што ја имаат од самото раѓање. Малку е веројатно дека Хекман би можел да се стави во овие рамки, но кога се пензионираше и се оддалечи од центарот на вниманието, тој можеби покажуваше свесност што многумина се обидуваат да ја избегнат додека стареат и времињата се менуваат. Тој блескаше во секоја улога што ја играше, независно од тоа дали таа беше достојна за него или не. По смртта на актери како што се Џим Хекман, она што е загрижувачко е како самата идеја за актерска величина наскоро може целосно да се изгуби.