Фото: Пиксабеј

Познатите актери и актерки што се појавија на 97. доделување на „оскарите“ во неделата вечерта ги дочека интересно изненадување под нивните седишта. Имено, пред почетокот на церемонијата, ѕвездите, како и другите во публиката добија мал пакет со подарок. Водителот на вечерта, водителот и комичар Конан О’Брајан, остави кутија со шише вода и грицки под секое седиште, заедно со духовита порака: „Се надевам дека ќе уживате во овие бесплатни закуски. Се обидов да додадам и гумени бонбони, но Дизни рече: Нема шанси!“ – стои во пораката, покрај карикатурата на водителот.
Еден од гостите, Рамин Сетудех, главен уредник на списанието „Варајати“, ја сподели оваа порака на платформата Икс (поранешен Твитер) со коментар: „Под секое седиште на ’Оскарите“ има порака од Конан и кутија со закуски што содржи вода и ѓевреци“. Многумина го пофалија љубезниот гест на О’Брајан.
– Ова е толку слатко од него, тие сигурно го ценат! – напишал еден корисник, додека друг прашал: „Дали сите пораки се исти, копирани и испечатени или Конан ги напишал рачно? Затоа што е доволно смешен и искрен за да го направи тоа“.
– Мислам дека немал време да напише стотици пораки, леле – одговорил некој во коментар.