Претседателот на Америка со свој прв говор во Конгресот на САД
Американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа му се обрати на Конгресот во својот прв говор пред највисокото законодавно тело на САД, откако по вторпат ја презеде функцијата на 30 јануари годинава. Како што беше најавено, тој вети дека „ќе го врати американскиот сон“, а токму Белата куќа соопшти дека темата на вчерашниот говор во 21 часот (2 часот по Гринич в среда) ќе биде „обновување на американскиот сон“.
Според најавите за она што ќе говори претседателот на САД во Конгресот, соопштено е дека тој ќе опфати четири области:
1. Досегашните достигнувања во неговиот втор мандат дома и во странство;
2. Економијата;
3. Притисокот Конгресот да го помине граничното; и
4. Плановите на Трамп за „мир низ светот“.
Самиот Трамп во понеделникот во објава на неговата платформа Трут вети дека обраќањето до Конгресот „ќе биде големо“.
Реформи и економија
Заедно со Маск, Трамп покажа намера да ја турка својата агенда на МАГА (Да ја направиме Америка голема повторно) – дури и ако тоа значи тестирање на уставните ограничувања на неговите овластувања или заострување на врските со сојузниците.
Тој се впушти во својата програма за рационализација, т.е. во обид да ги намали трошоците и да ја зголеми ефикасноста, да ги декомпонира федералните агенции, да отпушти илјадници државни службеници и да ги елиминира програмите за различности…
На светската сцена Трамп ќе разговара за своите напори за редефинирање на американската надворешна политика. Тој во понеделникот рече дека ќе „извести“ за напредокот во решавањето на украинскиот конфликт за време на говорот, откако ја замрзна воената помош за Киев и ја вчудовиде светската јавност, почнувајќи разговори со рускиот претседател Владимир Путин. Неговиот говор во американскиот Конгрес дојде само четири дена по вербалниот судир во Овалната соба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, поради што американската поддршка за Киев виси на конец.
Претседателската офанзива на Трамп ги принуди демократите, веќе вчудовидени од нивниот пораз на изборите во 2024 година, да бараат начини да му се спротивстават. Инфлацијата е најголемиот проблем на Америка, а Трамп повторува дека е на власт само еден месец и дека тоа е наследство од претходната администрација на Бајден.
Р.С.
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, откри мегаафера во која е вклучен УСАИД
Светски познати личности инкасираа високи суми само да одат во Украина
Некои познати личности, т.н. ѕвезди, добија милиони долари за своите настапи во Украина и не отидоа таму од симпатии кон таа земја, туку поради големите хонорари, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за ТВ2, истакнувајќи дека парите им ги исплатила Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД).
– Им дадоа пари на големи познати личности, ѕвезди, да патуваат во Украина. Тоа не го направија од искрено сочувство кон Украинците, туку затоа што за тоа добија милиони евра или долари – тврди шефот на унгарската влада.
Орбан не прецизира за кои ѕвезди станува збор и не даде конкретни податоци за да ги потврди неговите зборови, ниту пак кажа од каде му се информациите.
Во исто време унгарскиот премиер уште еднаш истакна дека средствата од програмата на УСАИД стигнуваат до опозициските политичари, новинари и невладини организации во други земји, вклучувајќи ја и Унгарија, со цел да се соборат „несаканите суверенистички влади“. Тој претходно ја поздрави одлуката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја прекине работата на УСАИД.
Унгарската влада започна сопствена истрага за ова прашање.
Р.С.
На платформата Х осамна шокантна изјава на милијардерот Илон Маск
Америка треба да се повлече од НАТО и од ОН
Милијардерот Илон Маск, еден од најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека САД треба да ги напуштат Обединетите нации (ОН) и НАТО.
Маск одговори на објавата на поддржувач на Трамп на Х, кој напиша: „Време е да ги напуштиме ОН и НАТО“. Маск на тоа одговори: „Се согласувам“.
Оваа најава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу САД и ЕУ, како и Украина во контекст на војната и напорите на Трамп за прекин на огнот.
Трамп и претходно најави и иницира одредени повлекувања од меѓународните организации, додека трансатлантската алијанса и мултилатерализмот не му значат многу.
Администрацијата на Трамп, наместо тоа, се фокусира на билатералните односи, на затоплувањето на односите со Русија, а потоа сакаат да го префрлат фокусот на ривалството со Кина. Според мислењето на повеќе дипломати, напуштањето на ОН би било потег без преседан со несогледливи последици за меѓународниот поредок.
Р.С.