Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во текот на денов ќе провери што се случува во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и доколку навистина се утврди дека вработените таму не земале плата еден или два месеца, ќе поднесе соодветни пријави.
Како што истакна претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, ако треба, ќе се поднесуваат пријави до инспекторатите против инспекторатите.
-За жал, дел од вработените во јавниот сектор поради реорганизацијата на Владата, немаат земено плата еден или два месеца. Овие работници се добредојдени во ССМ да формираат синдикална организација за да можеме да се легитимираме пред работодавачите и да се избориме за исплата на нивната плата. Синдикалците кои се веќе таму молчат за овој поблем и не преземаат никакви активности да овозможат исплаќање плати на работниците- рече Трендафилов на прес-конференција.
Според него, ССМ нема да ги изневери работниците и секогаш ќе биде со нив не само за исплата, туку и за зголемување на платите.